Дана Вајт: Победникот на Туиваса-Гане ќе се бори за титулата

Шефот на УФЦ, Дaна Вајт, потврди дека победникот во борбата Тај Туиваса (14-3) – Сирил Гане (10-1) ќе се бори за титулата со Френсис Нгану (17-3).

„Ако Тај го победи Сирил, тогаш ќе добие шанса за титулата.

Дали победникот од борбата Џонс против Миочиќ ќе добие шанса за титулата? Се е можно. Не знаеме како ќе оди оваа борба.

Во секој случај, победникот од Туиваса против Гане ќе добие прилика за титулата“, рече Вајт на прес-конференцијата на УФЦ.

Туиваса и Гане ќе ја предводат галата на УФЦ овој викенд во Париз. Настанот ќе биде деби на УФЦ во Франција. Френсис Нгану моментално се опоравува од операцијата на коленото. Тој ќе биде подготвен за борба на почетокот на 2023 година.

Се шпекулира дека ќе се случи борба меѓу Џон Џонс и Стипе Миочиќ во декември во Лас Вегас. Гане веќе се бореше со Нгану годинава и загуби со одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON