Доналд Цероне доби главна улога во постапокалиптичен филм

Доналд „Каубој“ Цероне доби главна улога во постапокалиптичниот филм „Project Legion“ откако се повлече од ММА.

Project Legion е акција/ трилер што ќе се појави во октомври. Доналд ќе глуми поранешен маринец кој се наоѓа во голема неволја.

Непознати суштества со апетит за луѓе почнуваат да го заземаат градот. Цероне се наоѓа себеси заробен во неговиот стан додека суштествата продолжуваат да се закануваат на човечката раса. Прашањето е дали ќе може да преживее и да ја запре инвазијата?

Project Legion не е првпат Цероне да се појави во филм. Тој имаше помали улоги во неколку филмови и ТВ емисии, но на крајот ја доби главната улога во Терор на преријата со Џина Карано. Сега кога Доналд се повлече од борбите, ова е само почеток на неговата актерска кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО