Меѓународна сценаММА
Дана Вајт: Новиот договор со Парамаунт ќе им донесе милиони во бонуси на борците на УФЦ

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека новото седумгодишно партнерство со медиумскиот гигант Парамаунт ќе резултира со значително зголемување на платите на борците, иако конкретни детали ќе бидат откриени на почетокот на 2026 година.
Договорот, кој стапува на сила следната година, му гарантира на УФЦ просечно околу 1 милијарда долари годишно од продажбата на телевизиски права во САД. Не го вклучува сегашниот систем ППГ, при што турнирите се емитуваат во живо на каналите и платформите на Парамаунт.
„Бонусите очигледно ќе се зголемат… само ќе бидат милиони долари“, рече Вајт по турнирот Контендерс во Лас Вегас на 12 август. Нагласи дека Парамаунт ќе им обезбеди на борците широка медиумска изложеност преку своите платформи и канали“.



