Дана Вајт: Не успеав да го привлечам Федор Емилијаненко, за да го спртивставам со Леснар

Дана Вајт е на чело на најголемата ММА организација во светот скоро 20 години, и за тоа време направи некои од најголемите борби во историјата на ММА. Постои една голема борба што Вајт не успеа да ја направи. Многу години се шпекулираше дека легендарниот Федор Емелијаненко ќе премине во УФЦ, но тој не го направи тоа. Претседателот на УФЦ сакаше да го привлече Федор со цел да го исправи пред една од најголемите sвезди, Брок Леснар.

„Се надевам дека ќе склучиме договор со Крис Киборг. Ако таа навистина сака втора борба со Нунес, но јас не гледам пречка за тоа. Погледнете ја мојата приказна во последните 20 години, колку големи зделки не сум направил?

Мислам дека има точно една. Постои борба што не можев да ја организирам. Никогаш не сме биле во можност да го привлечеме овој Русин. Сакав да се борат Федор и Брок. Ова е битка што не успеав да ја направам“, рече Вајт.

Емелијаненко потпиша нов договор со Белатор и ќе направи уште неколку мечеви пред да стави крај на неговата славна кариера.

https://www.instagram.com/p/B0T1XkyoABi/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО