Дана Вајт: Не мислам дека Ронда Русеј ќе се врати

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, е човекот кој секогаш е со неколку потези пред новитетите. Неговото мислење секогаш тежи на место, а кога станува збор за судбината на топ борците, тој ретко греши.

Шефот е песимист за евентуалното враќање на поранешната шампионка на организацијата во бантам категорија, Ронда Русеј. Американската џудистка забележа два последователни порази со нокаут. Последниот нејзин меч беше во декември, кога беше нокаутирана од Аманда Нунеш.

„Уште не сме зборувале за нејзиното враќање. Често се слушаме со неа. По еднаш или двапати неделно. Ништо не ми спомна за враќање. Не верувам дека ќе обнови кариерата“, коментира Вајт за ММА Фајтинг.

https://youtu.be/TC_EXb2p-d8

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО