Дана Вајт му среди виза на татко му на Хабиб

Пред една недела шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов побара од Дана Вајт да му помогне, односно да ги искористи врските со претседателот Доналд Трамп, и неговиот татко да добие виза.

Абдулманап имаше виза, но по победата на Ислам Махачев го развеа руското знаме во октагонот и повеќе не доби виза.

Се чини дека Дана ги искористил врските и му средил виза на татко му на Хабиб, Абдулманап, така што тој ќе биде до неговиот син за неговата најголема борба и прва одбрана на титулата во лесна категорија против Конор Мек Грегор во октомври на УФЦ 229.

Хабиб му се заблагодари на Дана Вајт за помошта преку социјалните мрежи.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО