Дана Вајт: ММА дефинитивно треба да стане олимписки спорт

Dana Wajt se ceska za bradata

Денес не е невообичаено да се види поранешни олимписки спортисти да ја продолжат кариерата во ММА. УФЦ борци и борачки како Ронда Русеј, Даниел Кормиер, Дан Хендерсон, Хенри Сехудо, Јоел Ромеро, но и други, имаа голем успех како олимпијци во нивната изворни дисциплини.

Во духот на актуелните Олимписките игри во Рио де Жанеиро, претседателот на УФЦ, Дана Вајт за ЕСПН одговори дали ММА треба да стане олимписки спорт.

„Работиме на тоа, веројатно веќе три, четири, пет години, а и треба. Апсолутно треба да бидеме на Олимписките игри. Имаат џудо, во кој се користи држења/лостови и давење. Имаат бокс, во кој може да удирате со тупаници во главата и во телото. Имаат таеквондо, во кој може да удирате со нозете и со рацете. Се што правиме ние веќе е вклучено во олимписките спортови, така што има смисла“, заклучи Вајт

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО