Ако некој знае како стојат работите во боречките спортови, особено околу средбата која се очекува со голем интерес, боксерската битка меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер, тоа е претседателот на УФЦ, Дана Вајт. Иако има подготвеност и на двајцата борци да се сретнат во рингот, Вајт е категоричен дека таква битка нема да има.
„Не знам точно до каде сме во преговорите – до никаде не сме. Ништо не се случува“, рече Вајт во врска со евентуалниот дуел.
Па, ако Конор не се сретне со Мејведер, што е следното за Ирецот? Одговорот на Вајт е секавичен.
„Очекувам следниот меч на Конор да биде во УФЦ според правилата на ММА, против победникот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон“.
Вајт ја разбира желбата да се сретне со Мејведер, бидејќи на тој начин ќе заработи меѓу 30 и 60 милиони долари, но верува дека повикот му е да ја одбрани титулата во лесната категорија, која ја освои во ноември минатата година.
И покрај увереноста со која зборува Вајт за сè, повеќе пати сме го фаќале во лагите, а и неговата мајка, исто така, поради тоа, кренала раце од него.
Во меѓувреме Хабиб Нурмагомедов и Тони Ферхусон ќе се сретнат на 4 март во Лас Вегас.