Дана Вајт: Хамзат Чимаев не сака да се бори

Хамзат Чимаев постојано велеше дека е подготвен да се бори секој месец, но тоа се промени.

„Борз“ влезе силно во УФЦ и успеа да забележи 2 победи за 10 дена. Месец ипол подоцна, Хамзат повторно се бореше, лесно се справи со Рис МекКи. Третата победа го направи Чимаев вистинска ѕвезда, но поради коронавирусот мораше да отсуствува 14 месеци.

Во 2021 година Чимаев се бореше само еднаш и забележа брза победа над Ли Џинлијанг. Во 2022 година Чеченецот беше малку поактивен. Ги победи Жилберт Барнс и Кевин Холанд, но потоа исчезна и е неактивен повеќе од 8 месеци.

Да, продолжува постојано да издава предизвици, но ништо повеќе. Се навестува можна борба со Пауло Коста или Камару Усман, но времето минува и ништо не се случува. Дана Вајт неодамна појасни и рече дека Чимаев не сака да се бори бидејќи има проблеми.

„Тоа се неговите тешкотии. Хамзат има проблеми во приватниот живот. Не е неактивен затоа што не се бориме. Знаете како функционираат работите овде. Мораме да им понудиме на момчињата 3 борби годишно.

Ако не им даваме 3 борби годишно тогаш треба да ги платиме. Значи, ако не се борат, тоа е само затоа што имаат некои лични проблеми“, изјави Дана Вајт.

Од објавите на Чимаев на социјалните мрежи можеме да видиме дека тој е во Чеченија. Не е јасно кои се проблемите што го мачат. Сепак, не му е досадно и се движи со синовите на Рамзан Кадиров, што е опасен потфат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khamzat Chimaev (@khamzat_chimaev)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО