УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов нема да го изгуби појасот, вели претседателот на УФЦ, Дана Вајт.
Непоразениот Русин го надмудри Конор Мек Грегор за титулата на УФЦ во лесна категорија во Лас Вегас и го доби Ирецот во четвртата рунда.
Така, 30-годишниот борец сега има 27 победи од 27 меча во професионалната кариера.
Триумфот на Русинот беше засенет од она што се случило на крајот на мечот, кога шампионот не издржа на постојаните навредливи дофрлања на негова адреса од фанови и соработници на Мек Грегор, при што скокна во публиката да се пресмета со тренерот Дилан Денис.
За своите постапки, Нурмагомедов може да биде строго казнет, а неговата американска виза може да биде суспендирана како дополнување на титулата.
И покрај тоа што се случи, Вајт уверува дека рускиот УФЦ борец ќе го задржи појасот во лесна категорија.
https://www.instagram.com/p/BouZw2_n-L6/?utm_source=ig_embed
„Хабиб останува шампион“, започна тој.
„Ќе добие казна од NAC и ќе добие забрана за учество во натпревари во следните четири до шест месеци. Од Атлетската комисија во моментов го задржаа преводот на парите на жиро-сметка на Нурмагомедов и нема да го добие својот финансиски удел од дуелот. Не мислам дека тоа е исправно“, продолжи шефот.
„Не верувам дека многу луѓе ја знаат вистинската причина за неговите постапки на крајот на средбата, но не требаше да го прави тоа. Тој е светскиот шампион и го победи Конор во борба пред очите на целиот свет. Застани достојно, земи го појасот, ти си победникот „Оној кој вика и те навредува – тој не е важен““, рече Дана Вајт за активностите на Русинот.
По завршувањето на борбата се проговори и за евентуален реванш меѓу Мек Грегор и Нурмагомедов.
„Не знам колку точно ќе биде казнет со суспендирање натпреварувачките права Хабиб. Затоа е рано да зборуваме за реваншот или наредни ривали“, заврши Вајт.
.