Дана Вајт: Џејк Пол ќе се бори со 93-годишниот Клинт Иствуд

Дaна Вајт никогаш не бил обожавател на Џејк Пол и тоа не е тајна.

Пол е еден од најтврдокорните критичари на Вајт и секогаш го навредува за недоволно плаќање на неговите борци. Џејк дури објави песна во која се исмејува Вајт. Неодамна стана познато дека Пол ќе се бори со легендата Мајк Тајсон. Нивната борба ќе се одржи во јули во Арлингтон, Тексас. Вајт не е љубител на борбата бидејќи меѓу двајцата ќе има старосна разлика од 31 година.

Дана не сака да го види тоа и изјави дека Пол во иднина најверојатно ќе се бори со Клинт Иствуд кој има 93 години.

„Го сакам Мајк Тајсон и не сакам да зборувам за тоа бидејќи тој секогаш ми се лути. Мајк се лути кога зборувам за тоа. Кога ќе се случи оваа борба Тајсон ќе има 58 години. Ќе има 31 година разлика меѓу нив.

Џејк Пол се борел со дете на негова возраст и изгубил. Вчера видов објава на социјалните мрежи во која се вели дека Пол ќе се бори со Клинт Иствуд доколку го победи Мајк Тајсон. Клинт Иствуд има 93 години“, изјави Дана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО