Тајсон Фјури до Усик: Ќе ти ги скршам коските

Тајсон Фјури е повеќе од самоуверен пред неговата борба со Александар Усик.

Борбата меѓу двајцата ќе биде за неприкосновената титула во тешка категорија. Борбата ќе се одржи на 18 мај во Ријад, Саудиска Арабија. Усик (21-0, 14 КО) ги има титулите ВБА, ИБФ и ВБО, додека Фјури (34-0-1, 24 КО) ја има титулата ВБЦ. Двајцата во моментов се во средината на тренинг кампот.

Усик на социјалните мрежи покажа како тренира со пријател. Фјури го коментираше тренингот и изјави дека двајцата изгледаат како дебели џуџиња:

„Александар Усик и неговиот пријател изгледаат како дебели џуџиња. Ќе ви требаат силни стомачни мускули затоа што ќе ви ги скршам коските“, се закани Фјури.

Нивната борба првично требаше да се одржи во февруари. Но, сега Турки Алалшик, кралскиот советник на Саудиска Арабија, излезе со поттик да ги спречи да се повлечат. Ако некој се повлече од датумот, ќе изгуби 10 милиони од хонорарот за борбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО