Натпреварувачите на Дан кју од Скопје и Осенсеи од Штип освоија по пет медали на Меѓуанродниот џиу џицу турнир „Видовдан опен 2017“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Дан кју освои два златни и три бронзени медали, додека Осенсеи три злата и две бронзи.
Медалите за Дан кју ги освоија: Катерина Ацевска и Зоран Колевски – златни, Дарко Стојановски, Јаким Колевски и Калин Кирковски – бронзени.
За Осенсеи: Данил Николиски,Филип Денков и Кристијан Костов – златни, Станислав Грпов и Стефан Донев – бронзи.
Ipon.mk/В.Д.