Од 1.200 до 1300 денари ќе и се враќаат на децата за лошото сместување во Истанбул

Туристичката агенција Атлантис од денеска ќе почне да ги враќа парите на децата кои учествуваа на Балканското првенство во карате за деца во Истанбул-Турција, поради сметсувањето на 5-6 деца во соба, наместо ветеното по 2-3.

„Чекаме уште сметки од децата. Досега се доставени половината, а станува збор за над 80 деца, односно 40-тина се доставени. Бидејќи многумина не ги доставиле жиро-сметките до нашата агенција ние уште денска ќе почнеме со исплатата на доспеаните сметки, затоа што работата многу ќе се развлече. Ќе се враќаат од денес 1.200-1.300 денари“, изјави Павлина Сукалова од ТА Атлантис за Ipon.mk.

Да нагласиме дека  тренерите на клубовите треба да ги достават сметките преку кое е вршено плаќањето за Истанбул, за што побрзо да се реализира повратот на парите како обештетување за лошото сместување.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО