И покрај повредата што ја заработи минатата недела Далибор Богданов не потклекнува пред предизвиците, туку пак се бори и победува.
За ова коло во Обер лигата на Гермнаија симнуваше килажа, за да се бори во категоријата до 66 килограми. Така, на средбата меѓу неговиот ЕСВ Минхен и СВ Митрахахинг за 24 секунди го тушираше Томас Вебер. Минхен славеше победа 41-8.
„По тешката борба минатата сабота продолжив со напорните тренинзи и успеав да ја намалма килажата на 66 кг. Овој пат настапив во оваа категорија, но во слободен стил и го победив Томас Вебер во 24-тата секунда со туш“, изјави Богаданов за Ipon.mk.
Ipon.mk/В.Д.