Далибор Богданов победи светски првак од САД во втрото коло на Светското првенство во самбо в Ташкент, Узбекистан.
Богданов во борбено самбо во категоријата до 71 килограм го совлада Амирканецот Брет Пасторе.
За жал, борбата која го водеше до распределбата на меделите Богданов ја загуби и тоа откако поведе 4-0, но во продложение на акцијата Рамсака од Литванија дојде во позиција на заклучување и победа со прекин, кој до тој момент беше 4-2 за нашиот репрезентативец.
Според известувањата од нашиот табор, Далибор Богданов во вкупниот пласман е петти.
Резултати
-71 кг Далибор Богданов – Брет Пасторе (САД) 10-2
0-2, 4-2 8-2, 10-2
Далибор Богаднов – Зјигмантас Рамсака (Литванија) пораз со прекин Р1
4-0, 4-2, тт
Првата борба е на 1:51:00, а втората на 3:24:00.