Дали го шпионирал? Волкановски објави што зборувал со Махачев

Австралиско-македонскиот ММА борец, актуелниот шампион на УФЦ во перо категорија, Александар Волкановски го објави разговорот со рускиот шампион во лесна категорија Ислам Махачев.

„Махачев ме праша како помина тренингот, како беше кампот во Тајланд. Можеби знае некои од момците кои во исто време тренираа таму со мене. Дали ме шпионираше? Не знам, но ако навистина разговараше со луѓето што беа таму, тогаш тоа е добро. Махачев сигурно добил добри критики“, ја пренесува изјавата на Волакновски Фокс спиртс Австралија.

Александар Волкановски има 25 победи во 26 борби во ММА. Александар Махачев има 23 победи во 24 борби во ММА. Борбата меѓу Махачев и Волкановски ќе се одржи на УФЦ 284 ноќта на 12 февруари 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО