Дали е време Мишел Вотерсон да се повлече од ММА?

Изминатиов викенд беше емотивен за Мишел Вотерсон бидејќи го претрпе четвртиот пораз по ред во ММА кариерата.

„Карате хоти“ се соочи со Марина Родригез во броба на главната карта на УФЦ Вегас 79, која се одржа во Лас Вегас. Вотерсон претрпе прилично голема штета во борбата и нејзиното лице беше многу крваво. Таа загуби од ТКО во втората рунда и ги засили повиците за нејзино повлекување од ММА.

По бробата Вотерсон имаше трогателна интеракција покрај кафезот со Рашад Еванс и се расплака по болниот пораз. Вотерсон нема добиено борба од нејзината победа над Анџела Хил во 2020 година.

Оттогаш таа загуби од Марина Родригез (двапати), Аманда Лемос и Луана Пинеиро во нејзините последни мечеви. Се погласни се повиците Мишел Вотерсон да се пензионира по новиот пораз.

Според официјалната статистика на УФЦ, Родригез беше подобра од Ватерсон со 90 значајни удари. Марина имаше 69,1% прецизност во борбата, наспроти 43,2% на Вотерсон. Мишел победи само во една од нејзините последни 7 УФЦ борби и организацијата може да ја ослободи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON