Сонародниците на Хабиб Нурмагомедов во руската република Дагестан гласно ја прославија победата на УФЦ 254.
Во главниот град на административната единица – Махачкала, толпа народ се собра да ја гледа битката со Џастин Гејџи на видео ѕид. Неколку моменти по објавата дека Орелот го одбрани појасот – централните делови на градот избувнаале од голема радост.
https://twitter.com/still_alive89/status/1320115842533773318?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1320115842533773318%7Ctwgr%5Eshare_3%2Ccontainerclick_1&ref_url=https%3A%2F%2Fpledgetimes.com%2Fdagestan-celebrates-khabib-nurmagomedovs-victory-at-ufc-254%2F
Ноќта ја одбележаа типичните танци на регионот и културата.
Среќните навивачи го извикуваа името на нивниот херој Хабиб, а во негова чест имаше празничен огномет.
https://twitter.com/still_alive89/status/1320116133127663616?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1320116133127663616%7Ctwgr%5Eshare_3%2Ccontainerclick_0&ref_url=https%3A%2F%2Fpledgetimes.com%2Fdagestan-celebrates-khabib-nurmagomedovs-victory-at-ufc-254%2F
Забавата траеше до раните утрински часови на денот, единствената непријатна вест за вечерта изјавата за пензионирање на Нурмагомедов од УФЦ и од ММА.
По 29-тата последователна победа, Дагестанецот симболично ги остави раквиците во центарот на октагонот.
Не се најде ниту еден борец да го победи Хабиб во ММА.
Ова е посебна гордост во Дагестан, каде боречките вештини се култни. Локалните жители се познати по тоа што се многу цврсти напреварувачи, калени уште од мали нозе.
https://youtu.be/R6Wumc6YKM8
Сепак, ќе продолжат да стискаат палци за новата генерација дагестански борци во најпопуларната организација.
https://youtu.be/L0PYCW48PAc
Некои од роднините на Нурмагомедов веќе се во САД и го прославуваат родниот крај.