За последната борба Хабиб Нурмагомедов заработи над три милиони долари

Хабиб Нурмагомедов успешно ја одбрани титулата на УФЦ во лесна категорија против Џастин Гејџи, но ја шокираше и спортската јавност со одлуката да ја заврши кариерата.

Дагестанскиот борец го заспа Американецот во втората рунда, по што најави дека повеќе нема да се бори затоа што не може да биде во октагон без неговиот татко Абдулманап.

Хабиб заработи одлична сума за победата. Од кафезот си замина побогат за 3,1 милиони долари, додека доби уште 100.000 долари како бонуси.

Поразениот Гејџи заработи далеку помалку од Нурмагомедов, 630.000 долари.

Патем, бидејќи УФЦ сè уште не може да смета на приходите на публиката, синоќешниот настан во Абу Даби собори рекорди од продажбата на ППГ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО