„Д Стронгест & Рутс БЏЏ“ на семинар кај големиот Роџер Грејси!

59
Роџер Грејси и Ивица Алексовски
Роџер Грејси и Ивица Алексовски
Роџер Грејси и Ивица Алексовски

Викендов претставниците од „Д Стронгест & Рутс БЏЏ“ учествуваа на семинар со Роџер Грејси – Загреб 2015. На семинарот на еден од најголемите мајстори на бразилското џиу џицу, Роџер Грејси, нашата експедиција ја предводеше претседателот на Македонската федерација за бразилска џиу џица, Алексовски Ивица.

„Учесниците на семинарот имаа голема привилегија и можност лично да се запознаат и учат директно од најдобриот борец во бразилска џиу џица досега, Роџер Грејси“, вели Алексовски.

Seminar so grejsi

Грејси има импресивна БЏЏ и ММА кариера. Во борбите во ММА има 7 победи и 2 порази.

„Роџер прикажа неколку базични техники со многу детали, со кои е многу полесно изведувањето на завршниот зафат. Благодарение на својата богата кариера, многу често низ објаснувањата ги споменуваше борбите со познати светски шампиони во БЏЏ и ММА, преку кои сакаше полесно да ја објасни техниката, начинот како таа да се изучи побрзо и поквалитетно“, обајсни Алексовски.

На крајот од семинарот Грејси направил неколку спаринзи со различни противници, носители на црни, кафеави и виолетови појаси, при што ја прикажал својата мајсторија. Од Д Стронгест& Рутс БЏЏ преку спаринзите се увериле во големината на овој фајтер.

Покрајац и Алексовски
Покрајац и Алексовски

На семинарот учествувале многу носители на црни, кафени, виолетови, плави,бели појаси и љубители на БЏЏ и ММА од регионот. На семинарот учестуваше и УФЦ борецот од Хрватска, Игор Покрајац.

Од нашиот клуб велат дека Алексовски имал привилегија да направи спаринг со Покрајац, но и да научи повеќе детали за одредени техники.

Во петокот членовите на Д Стронгест& Рутс БЏЏ имале тренинг во БЏЏ клубот под водство на црниот појас и претседател на Хрватската федерација за БЏЏ, Бојан Мирковиќ, каде што се направени повеќе спаринзи и се разменети искуства.

Tne strongest so Grejsi

Резултати на Роџер Грејси во БЏЏ (кимоно и борби без кимоно – граплинг):

ADCC
Bronze 2003 São Paulo, Brazil -99kg
Gold 2005 California, USA -99kg
Gold 2005 California, USA Absolute
Brazilian Jiu-Jitsu
World Championship
Silver 2003 Rio de Janeiro, Brazil Absolute
Gold 2004 Rio de Janeiro, Brazil -99kg
Silver 2004 Rio de Janeiro, Brazil Absolute
Gold 2005 Rio de Janeiro, Brazil -99kg
Silver 2005 Rio de Janeiro, Brazil Absolute
Gold 2006 Rio de Janeiro, Brazil -99kg
Silver 2006 Rio de Janeiro, Brazil Absolute
Gold 2007 California, USA -99kg
Gold 2007 California, USA Absolute
Gold 2008 California, USA +99kg
Silver 2008 California, USA Absolute
Gold 2009 California, USA -99kg
Gold 2009 California, USA Absolute
Gold 2010 California, USA -99kg
Gold 2010 California, USA Absolute

ipon.mk/В.Д.