Чистјаков кој тежи 240 кг нокаутиран за една рунда (ВИДЕО)

Русинот Григориј Чистјаков кој тежи 240 килограми повторно влезе во октагонот, сега во Казахстан. Беше урнебесно нокаутиран уште во првата рунда, а не успеа ниту еднаш да упати закана кон противникот.

По неколку удари во низа, Чистјаков падна и не помисли да стане за да ја продолжи борбата. Нокаутот го доби од Рамис Кулахметов.

Пред две годни јутјуберот Чистјаков влезе во октагонот со 63 килограми тешката Дарина Мадзјук. Таа тогаш му зададе неколку удари, го урна на под и продолжи да го мава додека судијата не го прекина циркусот од борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО