Чисора за инциденот со шишето: Помислив дека крварам

Cisora po incidentot

Британскиот боксер Дерек Чисора се уплашил по инцидентот со шишето за време на мерењето пред мечот со Кубрат Пулев во Хамбург.

Тие се среќаваат вечерва околу полноќ на рингот во Хамбург во меч за европската титула во тешка категорија, а победникот ќе добие шанса да се бори и за појасот на ИБФ, кој е во сопственост на Ентони Џошуа.

За време на мерењето Чисоре беше погоден од пластично шише од фан на Пулев, познат како Сашо боксер од Дупница. Британецот на почетокот на инцидентот се стаписа, а потоа тргна во поход да го бара напаѓачот, дури и во кујнските простории на хотелот, каде се одржа мерењето. Откако се смири за случката даде изјава за Скај спортс.

„Се одеше добро. Се одмеривме, потоа ги доближивме лицата. Во тој момент бев удрен со шишето. Не од Пулев, туку од човек кој се качи на подиумот со него. Ме удри во лицето. Застанав и погледнав назад. Помислив дека сум повреден и дека крварам, но не бев“, рече Чисора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО