Чисора предвидува лесна победа (Усик – Фјури): Ќе изгледа како некој да зема бонбони од рацете на бебе

Тајсон Фјури и Александар Усик пред една година ветија дека ќе се соочат во меч за апсолутен шампион во тешка категорија.

Откако првичните преговори пропаднаа, двајцата боксери неодамна постигнаа договор.

Иако датумот на борбата се уште не е потврден, познато е дека таа ќе се одржи во Саудиска Арабија на крајот на оваа или на почетокот на следната година.

Дерек Чисора добро ги познава Фјури и Усик, откако се бореше со двајцата, а неодамна изјави дека Џипси Кинг лесно ќе победи на тој меч.

„Тајсон ќе победи. Тој е поголем тип и има подолги раце. Само Тајсон“, рече Дерек Чисора и додаде:

„Ќе изгледа како некој да зема бонбони од рацете на бебе. Тајсон ќе победи, само ќе помине преку Усик. И тоа е тоа“.

Дел Бој има три порази против Фјури. Првиот пат (2011) загуби со одлука на судиите, а во следните два Кралот на Ромите ја заврши работата пред 11. рунда.

Во декември минатата година Фјури го совлада Чисора со прекин во десетата рунда. Тоа беше и последната изведба на Џипси Кинг.

А Дерек загуби и од Украинецот, а тоа се случи на крајот на октомври 2020 година. На тој меч Усик го победи Чисора со судиска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО