Чимаев се споредува со Мухамед Али

Ѕвездата во подем на УФЦ Хамзат Чимаев не се сомнева дека ќе стане легенда на ММА од ист размер со легендарниот боксер Мухамад Али.

„Јас сум најголем. Ова го кажав пред да знам дека сум“, напиша чеченскиот борец на Инстаграм, цитирајќи го легендарниот боксер и објавувајќи фотографија од себе и од него.

Ова не е првпат Чимаев да се споредува со легендите на боксот Мухамед Али и Мајк Тајсон, ветувајќи дека ќе освои шампионски појаси на УФЦ во три тежински категории.

Потсетуваме, 27-годишниот Хамзат Чимаев планира да се врати во октагонот во август годинава, а најверојатно неговиот ривал ќе биде американецот Нил Магни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО