Чимаев: Невозможно е да го почитувам Мек Грегор

Чеченската ѕвезда во подем Хамзат Чимаев вели дека е невозможно да се почитува Конор Мек Грегор. „Борз“ се враќа во кафезот на крајот на месецот за да се бори со опасниот Кинез Ли Џинлијанг.

Хамзат ќе се обиде да го задржи статусот на непоразен. Има скор 9-0 во ММА и ги заврши сите 9 натпревари. Пред една година со еден удар за 17 секунди Чимаев го нокаутира Џералд Мершарт.

Опасниот Чеченец ги доби првите три борби во УФЦ за 66 дена. За руските медиуми Чимаев одговори на прашање за Мек Грегор.

„Ми се допаѓа Конор како натпреварувач. Тој постигна се во УФЦ, беше шампион во две различни категории. Го почитувам поради тоа. Но, како личност, невозможно е да го почитувам“, изјави Чимаев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО