Александар Емелијаненко: Федор ќе биде како ураган на средбата со Џонсон

Александар Емелијаненко верува дека викендов неговиот постар брат Фeдор ќе ја добие борбата. Еден од најголемите во тешка категорија ќе се бори со Тимоти Џонсон во главната битка на Белатор 269 во Москва.

Долги години, браќата Емелијаненко не се разбираа и не разговараа еден со друг. Последниве години видовме навреди меѓу нив, а неодамна Александар изрази желба да се бори со Федор во кафезот.

Сега, сепак, Александар одлучи да го поддржи својот брат и им го кажа следново на руските медиуми:

„Дефинитивно ќе го поддржам брат ми Федор. Тој ќе ја добие оваа борба, не се сомневам во тоа. Му посакувам успех и да го заврши овој меч без повреди.

Мислам дека Федор ќе го нокаутира, најверојатно во втората рунда. Ќе си ги испитуваат силите во првата рунда. Брат ми нема да се обиде да ја донесе борбата на партер. Знам дека Џонсон е нокаутер, така што нема да има многу борба.

Федор постојано ќе работи во стој, ќе изврши притисок врз Американецот и ќе прави комбинации, ќе се наметне како торнадо. Ќе биде како ураган и ќе го сруши со неговите нокаут удари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО