Чимаев и Барнс се сретнаа во хотелот само по крпи (ВИДЕО)

Неочекувана средба меѓу двајцата борци во полусредна категорија на УФЦ, Хамзат Чимаев и Жилберт Барнс беше снимена на камера. Двајцата главни претенденти кои оваа недела ќе се натпреваруваат на УФЦ 273 се сретнаа во ходниците на хотелот МГМ Гранд, каде што ќе се одржи и гала вечерта.

Борците беа само во крпи, бидејќи и двајцата најверојатно излегуваа од сауна. Хамзат и Дурињо вообичаено губат повеќе од 10 килограми за да бидат во границата од 77 килограми за „средна категорија“.

„Ајде да се бориме голи! Дали сакаш да се бориме голи?“, се пошегува Хамзат.

Чеченецот додаде дека неговиот противник изгледа „мал“ и дека треба да јаде повеќе. Дурињо одговори:

„Ќе ти покажам во сабота!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON