Чимаев го откажал учеството во подкастот на Мајк Тајсон, не му се допаѓа неговото минато

Новата ѕвезда на УФЦ, Хамзат Чимаев, изјави дека ја одбил поканата да учествува во подкастот на Мајк Тајсон.

„Хотбоксинг“ е подкаст на поранешниот шампион во тешка категорија, во кој беше домаќин на имиња како Хабиб Нурмагомедов и Оскар де ла Хоја.

Но, 27-годишниот Чимаев не сакаше да се приклучи поради мрачното минато на неговиот домаќин.

„Мојот менаџер Али рече дека Мајк ме поканува, но јас не сакам да одам. Немам желба да го правам тоа. Го почитувам како борец, како спортист.

Но, не ми се допаѓа се друго што правеше – насилство, апчиња, марихуана… Чудно е.

Но, јас го почитувам – како човек и борец. Помина низ многу нешта и е скршен. Направи многу лоши работи. Никој не знае што ќе се случи со мене во иднина. Ова може да му се случи на секого“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО