Хамзат Чимаев повторно притиска за борба против двајца во иста вечер во кафезот на УФЦ. 27-годишниот Чеченец го повика Дaна Вајт да му се пресмета со двајца. „Борз“ се договори со Жилберт Барнс за борба во април и тоа најверојатно ќе следи за него.
Хамзат пред неколку недели изјави дека е подготвен за една ноќ да се бори со Нил Магни и Белал Мухамед. УФЦ не организира повеќе од една битка по борец. Шансите на Вајт да му дозволи на Чимаев да се бори со двајца се минимални.
Минатата година Чимаев успеа да добие 2 борби во 2 различни категории за 10 дена и да постави рекорд. Сега Чимаев е подготвен да собори уште еден рекорд, но се зависи од Дана Вајт.
„Дана Вајт, брат, дај ми борба против двајца во една ноќ. Не се шегувам“, напиша Чимаев.