На Европското првенство во борење во У-23 во Тирана, Албанија, од 8 до 14 марат македонската репрезентација ќе учествува со четворица борачи кои се претставија во најдобро светло на Меѓународниот турнир „Петок Сираков и Иван Илиев“ во Бугарија.
За Македонија на ЕП ќе настапат:
Стефан Штерјов 57 кг
Бесир Алили 61 кг
Мухамед Феруки 70 кг
Реџеп Хајдари 92 кг.
Тренер е Абаз Емини, а во составот на нашата екипа ќе биде и судијата Даниел Илијев.
„По завршувањето на Европското првенство У-23 и во зависност од постигнатите резултати ќе се изврши дополнителна селекција на борачите кои ќе имаат право на учество на претстојното Европско сениорско првенство. Потребно е да се има добар пласман, победа или изедначена борба, како би добиле можност за учество, доколку бидат избрани од тренерот“, велат од Федерацијата.