Четири стипендии од МОК за припадниците на боречките спортови (Фото)

Тројца борачи и една џудистка станаа стипендсти на Македонскиот олимпски комитет (МОК) од вкупно 11 спортисти. Согласно Олимписката програма Рио 2016, МОК во блиска соработка, консултација, координација и комуникација со националните спортски федерации (НСФ), но и со соодветните Меѓународни спортски федерации и Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), обезбеди 11 стипендии за нашите најдобри спортисти кои како предлог на НСФ беа испратени до МОК.

Корисници на олимписката стипендија, во наредните две години ќе бидат:
1. Јасин Реџелари (борење)                                          800 американски долари
2. Дејан Богданов (борење)                                          800 американски долари
3. Бобан Данов (борење)                                               800 американски долари
4. Марко Блажевски (пливање)                                  800 американски долари
5. Анастасиа Богдановски (пливање)                        800 американски долари
6. Катерина Николоска (џудо)                                     666,666 американски долари
7. Нина Балабан (стрелаштво)                                    666,666 американски долари
8. Ана Ивановска (спортско стрелаштво)                  666,666 американски долари
9. Ристе Пандев (атлетика)                                           666,666 американски долари
10. Валбона Селими (атлетика)                                   666,666 американски долари
11. Јован Јовановски (велосипедизам)                                         666,666 американски долари

Денеска во просториите на МОК, свечено беа потпишани договори за финансирање на олимписките програми на нашите спортисти-корисници на олимписката стипендија РИО 2016. Олимписките стипендии се обезбедени со исклучителна намена и силно контролирани од страна на МОК и ИОК, за да им помогнат на нашите спортисти во насока на обезбедување на квалитетни подготовки и учество на меѓународните натпревари кои ќе бидат квалификациони и одредени за обезбедување на норма за учество на ЛОИ РИО 2016.

Овој список не е конечен, бидејќи доколку одредени спортисти/спортистки не го покажат најдоброто од себе односно не покажат подобрување на своите резултати, во тој случај тие ќе бидат одстранети од списокот на стипендисти на МОК.

борачи и џудистка
Четири стипендии од МОК за боречките спортови
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON