Најсилната ММА организација, УФЦ, одлучи да ги награди најдобрите на крајот на годината.
Минатиот викенд се одржа последниот настан оваа година, 41-ви по ред, па време беше да се повлече линијата.
А, првата категорија во која бараат победник е изборот за најдобар нокаут на годината. Беа номинирани четворица борци кои стигнаа до победи со фантастични нокаути и за кои многу се зборуваше.
Во потесниот избор се нокаутот на Коди Гарбрант против Рафаел Асусао и фантастичниот потег на Жоакин Бакли, кој ретко се гледа, во судирот против Импе Касанганај.
Меѓу номинираните се нокаутот на Хаос Вилијамс, кој го совлада Абдул Разак Алхасан и Кевин Холанд, кој на одличен начин го заврши мечот против Жакар Соуза.
Тоа беше петта победа на Холанд во последните седум и пол месеци и најголема во неговата кариера.
Можете да гласате за најдобриот нокаут оваа година во УФЦ на Твитер и да се потсетите, проверете го видеото: