Ентони Џошуа донираше шестцифрена сума на аматерскиот спорт во Англија

Светскиот шампион на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Ентони Џошуа, донираше шестцифрена сума за поддршка на аматерскиот спорт во Англија, Велс и Шкотска. Британскиот боксер го направи добротворен гест точно десет дена откако го нокаутираше Кубрат Пулев во „Вембли Арената“.

Аматерските спортови, воопшто, беа најсилно погодени од пандемијата на коронавирусот, со тоа што теретаните ширум светот беа затворени подолго време, што доведе до банкрот на многу спортски клубови.

„Не е тајна дека без боксот и семејството што го создадов околу салата, мојот живот можеше да биде многу поинаков. Боксот ми помогна да се оформам, физички и како личност“, рече Џошуа, кој не сакаше да ја открие точната сума што ја донираше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО