Четири одличја за МТТФ на „Моравија опен“ – најсјајните се за Елена Јанеска

Македонската традиционална таеквон-до федерација со пет натпреварувачи, јуниори 16-17 години, освоија 4 медали – 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали на Меѓународни турнир ИТФ А класа „Моравија опен 2023“во Острава, Чешка, 28 и 29 октомври.

Медалите ги освоија Елена Јанеска – златен во борби и сребрен во форми, Марио Крстески и Михаил Јоноски – бронзи во форми.

На Моравиа опен учествуваа над 500 натпреварувачи од 13 земји од Европа (Македонија, Србија, БиХ, Грција, Хрватска, Словенија, Естонија, Украина, Латвиа, Холандија, Словачка, Полска и Чешка).

„Најголемиот успех го направи нашата репрезентативка Елена Јанеска, која овај пат ги победи убедливо и судиите, осовјувајќи го првото место во спаринг (борби) + 64 кг јуниорки 16-17 години. Таа ги победи претсавничките на Холандија, Чешка, Естонија, Чешка, додека во форми (борба со замислен противник) за црн појас први дан јуниорки 16-17 години,  се закити со сребрен медал, победувајќи ги претставничките на Полска, Хрватска, Латвија, а во финалето заслужено изгуби од домашната  натпреварувачка.

Елена Јанеска само пред една седмица го постигна истиот успех на „Србија опен“ во Нови Сад, Србија, освојувајќи златен медал во спаринг (борби)  + 64 кг јуниорки 16-17 години  и сребрен медал во форми за црн појас први дан јуниорки 16-17 години.

Елена која е една од најдобрите наши натпреварувачки, европска вицешампионка од Пореч 2022, оваа година и на Европското првенство во Јесоло ,Италија и на Светското првенство во Астана , Казахстан во 1/4 финалните борби за медал, беше оштетена од судиите, и затоа на овој натпревар учесвуваше не само да ги победи противничките, туку со цел да ги победи и судиите. Успеа да ги остави немоќни, а со тоа докажа дека е подготвена за врвни достигнувања.

Други освојувачи на медали се Марио Крстески  кој го освои бронзениот медалво форми (борба со замислен противник) за црвен  појас јуниори 16-17 години , додека во спаринг (борби) за жал, поради повреда во втората борба, мораше да го откаже натамошното натпреварување. Михаил Јоноски освои бронзен медалво форми (борба со замислен противник) за црвен  појас јуниори 16-17 години. Давид  Крстески во спаринг (борби) во третата борба за медал  беше оштетен од судиите во корист на домашниот претставник. Владимир Димитриевиќ во спаринг втората борба ја загуби по негова грешка во последните 10 секунди и остана без медал“, изјави Марјанчо Лазаревски претседател и национлаен селектор на МТТФ.

Христијана Парулеска на ова натпреварување беше во улога на тренер поради нејзиното искуство, но и заради повредата што ја заработи на Светското првенство, па се уште мора да се опоравува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО