Четири медали за каратистите на Гранд при Кроација, среброто е за Стефан Стојановиќ

Македонските каратисти освоија 4 медали – 1 сребрен и 3 бронзени на силниот Меѓународен турнир „Гранд при Кроација“ во Самобор, Хрватска.

Сребрен медал освои Стефан Стојановиќ (+84 кг) во У-21 кој во финалето загуби од Сандро Крешиќ од Хрватска со 1-3.

Брозени медали освоија Марко Поптодоров во кати, Јована Мицовска и Данило Божовиќ во борби во У-21.

Наши каратисти настапија и во опен категориите за сениори во машка и женска конкуренција, но без забележителен резултат. Победници во опен категориите се Енес Гарибовиќ и Садеа Беќировиќ од Хрватска.

На овој меѓународен силен турнир настапуваат 1326 каратисти со 1539 натпреварувачи влезови од 233 клуб од 29 држави.

Резултати:

Јуниори
кати Марко Поптодров (Гладијатор) – бронза

Марко Поптодров – Денис Филип (Словачка) 23-24,30
Репасаж
Марко Поптодров – Ангел Ангов (Бугарија) 23,80-23
Марко Поптодров – Данило Хабло (Украина) 24-23,60
За бронза
Марко Поптодров – Мате Елекеш (Унгарија) 24,40-24,30

У-21
-61 кг Јована Мицовска (Макпетрол) – бронза
Јована Мицовска – Јана Прушина (Хрватска) 5-1
Јована Мицовска – Николе Делбоно (Италија) 10-2
Јована Мицовска – Лаура Лисац (Хрватска) 3-6
За бронза
Јована Мицовска – Доротија Липцеј (Унгарија) 0-1

+84 кг Стефан Стојановиќ (Макпетрол) – сребрен
Стефан Стојановиќ – Едоардо Монего (Италија) 0-6
Стефан Стојановиќ – Мислав Плесивчак (Хрватска) 4-3
Финале
Стефан Стојановиќ – Сандро Крешиќ (Хрватска) 1-3

+84 кг Данило Божовиќ (Макпетрол) – бронза
Данило Божовиќ – Дарио Глухиниќ (Хрватска) 1-1
Данило Божовиќ – Сандро Крешиќ (Хрватска) 0-1
За бронза
Данило Божовиќ – Петер Фреунд (Унгарија) 8-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО