Ден Харди верува во Нгану: Џошуа може да паничи кога ќе сфати со кого си има работа

Поранешниот ММА борец Ден Харди е воодушевен од настапот на Френсис Нгану во боксерското деби против Тајсон Фјури. Камерунецот на крајот на октомври минатата година боксираше против шампионот на ВБЦ, но на крајот загуби со поделена одлука.

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија се договори за нов меч. На 8 март во Саудиска Арабија Френсис Нгану ќе боксира против Ентони Џошуа во меч од десет рунди.

Во неодамнешното интервју за ТНТ спорт Ден Харди ја даде својата прогноза за тој меч и верува дека Нгану може да го победи Еј Џеј.

„Одлично боксираше против Фјури и бев изненаден од тоа колку е добар. Нгану сè направи перфектно, беше трпелив и не дозволи да се фати во игрите на Тајсон. Имаше извонреден настап“, истакна Ден Харди и додаде:

„Фјури е многу потешко да се погоди од Џошуа. По ударите Еј Џеј останува на домет, а тогаш Нгану започнува со контра удар. Џошуа ќе ги блокира ударите на Френсис, но некои ќе го стреста. Кога Џошуа ќе сфати колку силно удира Нгану, тогаш може да има психолошки проблеми. Може да паничи кога ќе сфати со кого си има работа. Не знам дали може да ја задржи концентрацијата во сите десет рунди. Верувам дека Нгану ќе победи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО