Џудо клубот Сеишин од Прилеп освои четири бронзени медали на 6-тиот Меѓународен турнир во џудо „Миоки-Опен“-меморијал „Панче Момировски“,кој вчера се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Кај пионерките Теодора Тасеска (-32 кг) е трета, како и пионерот Никола Магдески (-30 кг) и Марко Тодорчески (-34 кг). Диме Ивчески (-60 кг) во кадетска конкуренција исто така освои бронзен медал.
„Одлични борби прикажаа и Георгиј Магдески (-42 кг), Марио Цинцароски (+73 кг) кај пионерите и Мартин Тодорчески (-60 кг) кај кадетите, кои остварија по една победа и еден пораз и не успеаја да се пласираат во понатамошниот дел од натпреварите за медал. ЏК Сеишин ги продолжува подготовките за Државното првенство за помлади пионери-ки и млади сениори до 23 години, кое треба да се одржина 08 ноември во Скопје“, истакнуваат од Сеишин.
Турнирот беше во организација на ЏК Миоки од Скопје за возрасните категории пионери-ки, кадети-ки и сениори-ки, на кој учествуваа над 20 клубови од Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Хрватска и Турција.
ipon.mk/В.Д.