Четири бронзени медали за Македонија на Балканското бокс првенство во Бугарија

Македонија се враќа со четири бронзени медали од Балканското првенство во Албена, Бугарија.

Денес во полуфналните мечеви Дион Лена, Илхан Озмен и Арјан Исени беа поразени, па така ги озвоија борнзените медали, а претходно тоа го направи Ален Рустемовски.

Џуров беше подобар од Дион Лена, додека Илхан Озмен и Владислав Гуџи од Молдавија водеа изедначена борба. Најинтересна беш борбата на Арјан Исени кој загуби со поделена одлука од бугарскиот боксер Кристијан Николов. И двајцата прикажаа добра боксерска претстава која на крајот беше наградена од публиката, а имаше и негодување, бидејќи беа со мислење дека победник е нашиот боксер. Тоа беше судир на два стила – кубански и американски. Николов предноста ја направи на почетокот во првата рунда. На резултатот влијае и домашниот терен.

Исени во четвртфиналето славеше против Валериу Размерита од Молдавија 3-2.

Балканско првенство:

57 кг Ален Рустемовски – Аидер Абдураиомов (Украина) 2-3 ½ финале

63,5 кг Дион Лена – Красимир Атанасов Џуров (Бугарија) 0-5 ½ финале

67 кг Илхан Озмен – Владислав Гуџи (Молдавија) 1-4 ½ финале

80 кг Арјан Исени – Валериу Размерита (Молдавија) 3-2 ¼ финале
Полуфинале
80 кг Арјан Исени – Кристијан Николов (Бугарија) 1-4 (1-4, 2-3,..)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON