АктуелноДруги вештиниСанда
Четири медали за ву шу тимот на Македонија на ОП во Нови Бечеј (ФОТО)
На Отвореното првенство во ву шу во Нови Бечеј, Србија, викендов што помина, ву шу санда тимот на Македонија освои четири медали, по еден златен и сребрен и два бронзени.
Златниот медал го освои Марко Андонов (-45 кг) во јуниорска конкуренција, а сребрениот му припадна Пепи Велков (-70 кг) во сениорска конкуренција, додека за бронзи се изборија јуниорите Витан Витанов (+90 кг) и Алексеј Карпузовски (-35 кг).
Ipon.mk/В.Д.






