Честит празник Македонијо!
Боречките спортови и ги донесоа првите радости на независна Македонија по 8 Септември 1991 година.
Во чест на Елвир Куртановиќ се свиреше македонската химна и се крена македонското знаме високо на јарболот на Европското карате првенство во Кардиф, Велс, во февруари 1993 година. Куртановиќ го освои зланиот медал во јуниорска конкуренција. За да биде успехот поголем се погрижија Зоран Пејов и Ангел Георгиев, кои освоија бронзени медали во младинска и кадетска конкуренција.
Борачот Лури Шенаси на Светското првенство за кадети во Дуизбург, Германија, во 1993 година го освои сребрениот медал.
Могамед Ибрагимов го освои првиот олимписки медал во независна Македонија на Олимписките игри во Сиднеј, Австралија, во 2000 година му припадна бронзата, а ја збогати ризницата со сребро од СП во 1998 година и со шампионската титула на ЕП 1999.
Бронзени медали на сениорските ЕП освоија Валери Верхушин 1996г., Мурат Рамазанов – 2005 и 2007 година.
Бучим Јака од Радовиш стана светски и европски клупски првак.
Наташа Илиевска и Емил Павлов стана европски шампиони во карате за сениори, но и си ја збогатија колекцијата со по уште еден медал, сребрен за наташа и бронза за Емил, кој го освои третото место и на Европските игри во Баку, Азербејџан. Мартин Несторовски е со бронзи од ЕП и ЕИ. Жарко Арсовски е трет во светот, а се започа во 2005 година кога ката тимот го освои бронзениот медал на ЕП во Шпанија – Симона Тасевска, Тамара Рибарска и Ивана Димитрова. Всушност, Иво Цветковски го освои првиот сениорски медал во поединечна конкуренција на ЕП 2007 година кога стана вицешампион на Европа, па бронзата на Берат Јакупи од ЕП и др.
Каратето е науспешниот спорт во независна Македонија.
Во кик бокс предничи трикратниот светски првак Димитар Ѓоргиев, а светски шампион како е и Ненад Манојловски, па бронзената Стефани Тодорова. Оваа серија на успеси ја дополнува Иле Ристески со сребро 2003 СП и три бронзи од СП 2007 и ЕП 2006 г. На Европското во 2006 година во Црна Гора Даниела Лазаревска освои сребрен медал, а Коста Тумбовски борнзен. Истата година на ЕП во Скопје македонските кикбоксери остварија завидни резултати: Атанас Стојковски, Даниела Лазревска и Лејла Османи освоија сребрени медали, Расим Алити, Александре Стајковски и претходно наведениот Ристески освоија борнзи. Мики Ивановски освои бронза на ЕП 2014 г.
Кик боксот исто така има освоено многу медали.
Но, можеби се почна на ЕП во Белград 1996 година со сребрениот медал на Зоран Петковски и светскиот првак во лоу кик и фулконтакт, Маја Витановска, на Свеското превенство во Милано, Италија, 1997 година во категоријата до 51 кг, а 1998 година во Данскае светски првак во лајт контакт до 55 кг. Резултати кои подоцна државата не ги верификуваше, затоа што како легитимна федерцаија ја прифати ВАКО, а не ВКА, во која беа освоени медалите на Петковски и Витановска.
Вели Мумин освои бронзени медали на ЕП-а во бокс во 2006 во Бугарија и 2008 во Ливерпул-Англија.
Годинава таеквондото го освои историскиот бронзен медал на ЕП во Швајцарија, а за тоа се погрижи натурализираната Македонка, Петра Матијашевиќ.
Имаме успеси и во другата светска организација за таеквнодо ИТФ Македонија има забележителни резултати. Аце Јосифовски (-60 кг) станува светски шампион во 1996 година во Прага, Чешка, а Марјанчо Лазаревски (-70 кг) вице-шампион на светот.
Оваа организација не е во олимпиското семејство, но се прават напори за вклучување во олимписката програма и обединување на ВТФ и ИТФ, што како експеримент беше направено на едно неодменшно Светско првенство.
Успеси имаме и во сумо борењето, самбо, бразилско џиу џицу, мај тај и други боречки спортови.
Боречките спортови и донесоа многу успеси на Македонија, а таа традиција се надеваме ќе продолжи со голем успех на Олимписките игри во Токио 2020 година, кога за прва пат на олимписките борилишта ќе се појави и каратето.
Ipon.mk/В.Д.