Чендлер: Ќе излезам на борба против Мек Грегор во ноември или декември

Мајкл Чендлер гарантира дека борбата со Конор Мек Грегор ќе се случи на крајот на годината.

Двајцата борци се тренери на 31-та сезона на шоуто Ултимејт фајтер (ТУФ), кое УФЦ веќе го емитува. Ги видовме првите 3 епизоди на ТУФ каде борците на Чендлер се во предност од 3-0 против тимот на Мек Грегор. Традиционално на крајот од сезоната двајцата тренери се соочуваат.

Борбата меѓу Мек Грегор и Чендлер најверојатно ќе биде во лесна категорија. И додека многу фанови повеќе не веруваат во нивната борба, Чендлер гарантира за ноември или декември.

„Мислам дека Конор наскоро ќе влезе во програмата за тестирање на УСАДА. Навистина верувам дека оваа борба ќе се одржи пред крајот на годината. Мора да запомните дека Конор е многу посветен на овој спорт.

Тој е вистински романтичар и го одржува спортот чист. Веќе разговаравме со него за неговото враќање и за борбата со мене. Дана Вајт зборуваше за тоа, а медиумите пишуваа. Сите зборуваат за тоа.

Битката ќе се случи и јас сум трпелив. Практично можам да гарантирам дека ќе се бориме на крајот на годината. Тоа ќе биде во ноември или декември“, рече Чендлер во интервју за ТСН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО