Челзи и Арсенал водат „војна“ за мечот Кличко-Фјури!

Klicko za vembli muskuli

Како што беше соопштено, средбата меѓу носителот на четирите светски титули во професионалниот бокс во тешка категорија, Владимир Кличко (Украина) и Тајсон Фјури (Велика Британија) ќе се одржи на Островот.

 Првично се претпоставуваше дека борбата ќе се одржи на стадионот „Вембли“, но, сега, барање за домаќин на гала-вечерта на овој професионален меч подготвува и Челзи.

 Како што соопштува „Дејли мејл“, раководството на „сините“ ќе ја понуди кандидатурата на „Стемфорд бриџ“ за место на одржување на борбата меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури. Освен тоа, соодветната пријава подготвува и друг лондонски фудбалски клуб – Арсенал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО