Чатлески за „Фламинго боксинг најт“: Муаремовски ќе дебитира со победа, настапува и екс светски првак

На 23 септември во казино Фламинго во Гевгелија ќе се одржи професионална боксерска ревија насловена како „Фламинго боксинг најт“, на нашата замја ќе ја представува нашиот најдобар боксер во суперлесна категорија Денис Муаремовски – Бед бој. Борбата ќе биде во 4 рундо по 3 минути.

„Денис е во одлична форма, добар,тврд и боксер со големо срце. Два месеци се подготвува за овој меч. Мислам дека ќе дебитира со победа, првата победа во профи боксот е могу значајна.Неговиот противник е Теодорос од Грција со скор 1-1-0, но Денис има доволно успеси и искуство во аматерските води, така да одиме на победа. Исто така големо внимание привлекува борбата помеѓу Шериф Гурдијелјац од Србија со скор 13-4-0 и бившиот ВБА светски шампион Лоренцо Пара од Шпанија со скор 32-13-2. Овој меч е предвиден да биде 8 во рунди по 3 минути. Настанот дирекно ќе се пренесува на Спорт клуб 3 во 22:00 часот“, вели Дарко Чатлески од Про Бокс Македонија.

Организатор на оваа ревија е Балканската боксерска промоција на чело со промотерот Ненад Боровчанин. Оваа промоција досега има организирано неколку настани во Србија под мотото „Враќање на боксот“, под истото мото ќе биде и овој настан. Комисија на настанот ќе биде Про бокс Македонија полноправен член на Европската боксерска унија (ЕБУ). Од страна на ПБМ делегирани се четири најдобри македонски судии,  Мечмејкер е Дарко Чатлески.

https://www.facebook.com/balkanboxing/videos/1419387828108556/

Фламинго боксинг најт:

-63.5 кг Денис Муаремовски (Македонија)– Панагиотис Мацагос (Грција)

-79.3 кг Филип Станковиќ (СРБ) – Теодорос Мпукакис (ГР)

-61.2 кг Шериф Гурдијељац (СРБ) – Лоренцо Пара (ШПА)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON