Биспинг: По мечот со Сент Пјер може да се повлечам (ВИДЕО)

Најпопуларниот англиски ММА борец, Мајкл Биспинг, најави дека може да ја прекине кариерата по дуелот со Жорж Сент Пјер.

Тие ќе се борат на 4 ноември. Средбата ќе биде за титулата во средна категорија на УФЦ. Овој меч е враќање на Канаѓанецот кој не влегол во октагонот неколку години.

„Ме очекува голема борба. Сите го знаат Сен Пјер. Тежок ривал е. Нашиот меч ќе биде најголемата битка за оваа година во ММА. Истакнувам дека во мојата кариера имаше многу повреди – подеми и падови. Не знам дали повторно ќе се борам. Долго време сум во спортот, а во животот има и други работи“, рече Биспинг.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО