Чарлс Оливеира: Стилот на Махачев не ми пречи

Чарлс Оливеира го кажа своето мислење за евентуален дуел со Дагестанецот Ислам Махачев.

Поранешниот шампион во лесна категорија заслужи шанса за титулата во дивизијата. На почетокот на мај Оливеира ја заложи титулата против Џастин Гејџи. За жал, Чарлс не успеа на мерењето и му беше одземена титулата. Го победи Гејџи со завршница во првата рунда, но не ја освои титулата.

Сега има многу претенденти кои се борат за шампионски меч со Оливеира. Еден од оние што најмногу заслужува е Махачев. Чарлс планира да се врати на крајот на годината, а Махачев ги има истите намери.

Нејасно е што ќе избере Дана Вајт, но Чарлс не е загрижен поради Дагестанецот.

„Никогаш не сум се обидел да избегам од битки. Сепак, името на шампионот во лесна категорија е Чарлс Оливеира. Дали Ислам е многу тврд човек? Да тоа е точно.

Но, дали имало борци со големи имиња меѓу неговите ривали? Не. Има голема победничка серија, но со кого се бореше? Не ми е гајле за неговиот стил на борба. Сите негови силни страни се десет пати подобри за мене.

Ако мисли дека ќе ме собори, како што направи со сите други, нема да му успее“, изјави Оливеира за Шердог.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charles Oliveira (@charlesdobronxs)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО