Чарлс Оливеира остана без шампионски појас бидејќи не го мина мерењето

ММА борецот Чарлс Оливеира не го мина официјалното мерење за настанот УФЦ 274. Неговото доаѓање во салата беше задоцнето, а кога се појави беше потежок од пропишаните граници за 0,23 килограми.

Со оглед на тоа дека се работи за борба за шампионскиот појас на УФЦ во лесна категорија, натпреварувачите не смеат да ја надминат границата на пропишаната тежина, за оваа категорија таа е 70 килограми.

Откако не го помина мерењето, Оливеира имаше еден час да го отстрани вишокот и да се обиде да ја помине вагата, но повторното мерење го покажа истиот резултат.

Така, Чарлс Оливеира остана без титула во лесна категорија. Може да се бори со Гејџи, но и да победи ќе остане без појас.

Бразилецот е првиот борец на УФЦ кој го загуби шампионскиот појас поради пад на мерењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON