Кајла Харисон со победа ја почна новата сезона, Ентони Петис со прекин го совлада Мајлс Прајс

Кајла Харисон можеби е една од најдобрите ММА борци, но и самата си е најголема критичарка.

Двократната олимписка победничка извојува убедлива победа во нејзиниот прв настап оваа сезона.

Непоразената Американка со едногласна одлука на судиите ја победи Русинката Марина Мохнаткина на настанот ПФЛ 3 во Арлингтон.

Тоа беше нејзина 13-та победа во кариерата и трета до која стигна со одлука на судиите, сите други противнички ги заврши порано.

„Мојот настап беше кучешки измет“, изјави Кајла Харисон по мечот, а им се извини на навивачите:

„Сакав подобра борба, но девојките се построги отколку што мислите. Понекогаш се чини дека ќе биде лесно, но не е така, секој пат треба да се потрудите за да победите“.

Во конасловната борба Карлос Леал го победи Реј Купер Трети со едногласна одлука на судиите, а Ентони Петис го совлада Мајлс Прајс во првата рунда со завршница (триаголник гушење).

Резултати од ПФЛ 3:
Кајла Харисон – Марина Мохнаткина – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Карлос Леал – Реј Купер III – едногласна одлука (30-26, 30-27, 29-27)
Ентони Петис – Мајлс Прајс – завршница (триаголник), Р1 (4:17)
Рори Мекдоналд – Брет Купер – завр. (давење од позади), Р1 (2:23)
Лариса Пачеко – Замзагул Фајзаланова – ТКО, Р1 (1:25)

Воведни борби:
Дилано Тејлор – Жоао Зеферино – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
Гена Фабијан – Џулија Бад – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Садибу Си – Николај Алексахин – едногласна одлука (29–28, 30–27, 29–28)
Џара Ал Силави – Глејсон Тибо – едногласна одлука (30-27, 28-29, 29-28)
Олена Колесник – Абигејл Монтес – поделена одлука (30-27, 28-29, 29-28)
Мартина Јиндрова – Ванеса Мело – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО