Чарлс Оливеира: Мек Грегор ќе го победи Пориер со нокаут

Чарлс Оливеира, кој е шампион во лесна категорија на УФЦ, го прогонозираше мечот меѓу Конор Мек Грегор и Дастин Пориер. Шампионот од Бразил верува дека Мек Грегор ќе може да се носи со Дастин Пориер.

За неколку часа Конор и Порие ќе се борат во главната борба на УФЦ 264, што ќе се одржи во Лас Вегас. Многу луѓе мислат дека Мек Грегор повторно ќе изгуби и обложувалниците го дефинираа како аутсајдер.

За 24 часа ќе дознаеме што ќе се случи и кој ќе биде неприкосновен предизвикувач за титулата на Оливеира. Во интервју за ТМЗ, Чарлс го рече следново за големата битка викендов:

„Јас сум шампион и не ми е важно дали тоа е Конор Мек Грегор или Дастин Пориер. Подготвен сум за секој од нив.

Мислам дека Конор Мек Грегор ќе победи овој викенд. Конор ќе победи со нокаут. Сакам да се борам со него во мојата следна битка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО