Чарлс Оливеира: Мајкл Чендлер ќе го победи Конор Мек Грегор

Чарлс Оливеира ја анализираше претстојната борба на Конор Мек Грегор со Мајкл Чендлер и дојде до изненадувачки заклучок.

Многу е можно оваа битка да испадне лесна, но не во корист на ирската страна. Многу луѓе мислат дека „Озлогласениот“ е фаворит во неговата следна борба, но шпекулациите на хартија се едно, реалноста е друго. Многу фактори одлучуваат за исходот на натпреварот и, секако, активноста е еден од нив.

Додека Мек Грегор беше неактивен поради повреда во последните години, неговиот претстоен противник се бореше со целата елита во лесна категорија. Чендлер се соочи со имиња како Џастин Гејџи, Дастин Пориер, Тони Фергусон и Чарлс Оливеира. Бразилскиот борец му предвидува многу проблеми во кафезот на Ирецот.

„Ќе биде добра борба, но ќе биде добра главно поради тоа како Конор може да ја промовира. Тој е генијалец во тоа, а тоа е веројатно неговото најголемо оружје. Момчето може да приреди шоу и да продава гледање. Веќе немам многу верба во неговите шанси за победа.

Мислам дека Мајкл Чендлер ќе победи. Не знам како и во која рунда, но мислам дека ќе победи. Постои голема разлика во борбената пракса и техниката на борба во партер меѓу двајцата борци. Конор одамна не се борел, а Чендлер ќе го собори и ќе го задуши.

Ова може да биде неговото тајно оружје. Мислам дека толку добро ќе ги комбинира работите што ќе го победи Мек Грегор“, изјави Оливеира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО